Од скопски Водовод известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на бул. Јане Сандански 12/3, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следниве улици: дел од бул. Јане Сандански, дел од Владимир Комаров, дел од Коста Новаковиќ, дел од Фрањо Клуз и дел од бул. Кузман Јосифовски Питу.
Водоснабдувањето е прекинато од 10:30 часот и прекинот ќе трае до завршување со санација на дефектот.