Без вода денеска неколку улици во Скопје

Денеска без вода ќе остане дел од Гази Баба. 

Регионалниот центар за управување со кризи Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација, ги известува граѓаните дека денеска поради поврзување на нова мрежа на ул. Беласица 2 во населба Керамидница, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците 512 и 515, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот( општина Гази Баба).

– Без вода денеска од 11:30 ќе бидат и корисниците на улиците „Софиска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Бриселска“ и дел од „Женевска“ во Скопје.

Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје соопштија дека прекинот на водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок ф-100 мм на ул. „Софиска“ бр.36 и ќе трае се до завршување на зафатот.