Без вода денеска неколку улици во Скопје

Водовод ве известува дека на ден 11.04.2018 год. поради дефект на приклучна цевка 1“(рачен ископ) на ул.Радослав Петковски 26, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Радослав Петковски, Иван Мештровиќ, Иван Мажураниќ, Скендер Бег и Методија Патчев. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Телефон за информации: 023073010