Без вода денеска неколку улици од Тафталиџе

Прекин во водоснабдување денеска од 9 часот ќе имаат корисниците од скопските улици „Њу Делхиска”, „Дрезденска”, „Анкарска”, „Атинска”, „Алжирска”, „Бахар Моис”, „Римска”, „Наум Евро”, „Панче Пешев”, „Генерал Михајло Апостолски”, „Борка Талевски”.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради уличен дефект од Ф-150 мм и дефект на шибер Ф-80мм на ул. „Дрезденска” бр.38 и „Анкарска” во населбата Тафталиџе. 

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.