Без вода денеска Маџар Маало

Поради уличен дефект на водоводна цевка, денеска без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, информира ЈП Водовод и канализација.

„Ве известуваме дека на ден 14.08.2018г. поради уличен дефект на водоводна цевка од Ф 6/4”(цола) на ул.Преспанска бр.21 н.Центар прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Маџар Маало од 10.00 часот до завршување”, пишува во соопштението од ЈП Водовод и канализација.