Без вода денеска корисниците во Кисела Вода

Некои од корисниците во Кисела Вода, денеска, 11 мај, ќе останат без вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.

„Од ЈП ‘Водовод и канализација’ известени сме дека на 11 мај поради поврзување водоводна мрежа на улицата Тодор Паница со улицата Јордан Филиповски, во периодот од 8 до 11 часот без вода ќе останат корисниците од овие улици“, се вели во информацијата.