Без вода денеска делови од Тафталиџе 1 и Црниче

Водовод ве известува дека на ден 19.04.2018 поради промена на три шибери (два од Ф-150мм и еден од Ф-125мм) на ул.Варшавска 47 во населба Тафталиџе 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Населба Тафталиџе 1, ул.Варшавска, Хелсинки, Ташкентска, Виенска, Петре Пирузе од 09:00 часот до санирање на дефектот.

-поради уличен дефект од Ф-150мм на ул.Банско 3 во населба Црниче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Наум Охридски, Чедомир Кантарџиев и дел од Банско од до санирање на дефектот.

Телефон за информации: 023073010