Без вода денеска делови од Скопје

Водовод ве известува дека на ден 22.02.2018 г, поради уличен дефект ф-400мм на Бул.Митрополит Теодосие Гологанов бб (спроти Веро), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот на Бул.Митрополит Теодосие Гологанов на потегот од Бул.8-ми Септември до Рузвелтова, Анкарска, Њуделхиска, Пожарна и дел од Иво Лола Рибар до завршување.

Граѓаните во населбата Тафталиџе кои поради дефект немаат вода, ќе добијат вода во текот на утрешниот ден во претпладневните часови.Јавното претпријатие „Водовод“ соопшти дека на дефектот на булеварот „Теодосиј Гологанов“ спроти „Веро“ ќе се работи и во попладневните и во вечерните часови и оти се очекува тој да биде саниран, а водоснабдувањето да биде нормализирано во текот на утрешниот ден во претпладневните часови.

Воедно поради санирање на дефект на затворач од Ф-200 мм на ул.Ѓуро Ѓоновиќ бр.77 во нас. Маџир Маало Општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од нас.Маџир Маало од 09:00 часот до санирање на дефектот.

Телефон за информации: 023073010