Без вода денеска делови од Кисела Вода

Водовод ве известува дека на ден 30.03.2018 год. поради уличен дефект од ф-700мм на ул.Христо Татарчев бб (последна 24ка), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Христо Татарчев од крак 1 до крак 11, бул.Борис Трајковски од крак 2 до крак 10,сервисна зона Југ и Цементара.

Можно е намалување на притисокот во нас.Кисела Вода и висока зона Аеродром.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.

Телефон за информации: 023073010