Без вода денес уште две скопски улици, како и кабинетот на претседателката

ЈП Водовод и канализација известува дека денес (03.12.2025) поради дефект на водоводна цевка Ф100мм. на улица Ацо Караманов бб. во кругот на кабинетот на председателот на РСМ, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Периша Савелиќ, Партение Зографски и кабинетот на председателот на РСМ.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:15 часот до завршување на работните активности.