Без вода денес седум улици од една скопска општина

Од РЦУК Скопје информираат дека од ЈП Водовод и Канализација добиле известување дека денеска (10.02.2026) поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.