Без вода денес повеќе делови од Скопје

ЈП Водовод и канализација известува дека денес (11.11.2025) поради уличен дефект ф-100 мм на улица 2/бб Студеничани, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците 1 и 2.

Водоснабдувањето е прекинато од 09:15 часот и ќе трае се до завршување со санација на дефектот.

Поради дефект на огрлица на улица Иван Манолев 175 а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците Иван Манолев и Алпи.

Водоснабдувањето е прекинато од 09:20 часот и ќе трае се до завршување со санација на дефектот.

Поради водоводен уличен дефект од Ф200 мм на улица 1 бб Сарај, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од село Крушопек и висока зона од населбата Ѓорче Петров.

Водоснабдувањето е прекинато од 09:25 часот и ќе трае се до завршување со работните активности.