Без вода денес неколку улици во Чаир

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска, на ден 30.07.2021 година (петок) поради изведување на водоводен приклучок од ф-100 мм на крстосницата ул. Кумбара со ул. 138, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. Кумбара, Исмаил Кадаре и дел од Кримска.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:00 часот до завршување со активностите (о. Чаир).