
ЈП Водовод и канализација известува дека денес (03.11.2025) поради уличен дефект ф 100 мм на улица Париска Комуна раскрсница со улица Валандовска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите Хиподром и Маџари.
Водоснабдувањето е прекинато од 09:30 часот и ќе трае се до завршување на работните активности.
Исто така, поради уличен дефект на Македонско Косовска Бригада 9/бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Македонско Косовска Бригада-крак 5,7 и 9.
Водоснабдувањето е прекинато од 09:40 часот и ќе трае се до завршување со санација на дефектот.