Без вода денес дел од општина Аеродром

ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Аеродром.

Од таму информираат дека поради водоводен уличен дефект од ф 1”цол на улицата Горно Лисиче бр.176, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Лисиче.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности.