Без вода денес дел од Центар - без струја повеќе делови од Скопје

ЈП Водовод и канализација известува дека денес со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Дебар Маало.

Од таму информираат дека поради уличен дефект ф-80 мм на крстосницата Аминта Трети/Антоние Грубишиќ,прекинато водоснабдување  ќе имаат корисниците на дел од Аминта Трети, дел од Антоние Грубишиќ, дел од Пиринска и дел од Чедомир Миндеровиќ.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Од ЕВН Македонија АД, пак, известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат повеќе скопски улици.

  • Од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од улица Истарска, дел од улица.83, дел од улица Битолска, дел од улица 42, дел од улица Моша Пијаде, улица Крушевска република, улица Светозар Марковиќ и улица 47. 
  •  Дел од улица 1687 во село Бардовци од 09.00 часот до 13.00 часот.
  •  Дел од село Орман пред пругата од 09.00 часот до 14.00 часот.