Без вода делови од три скопски општини

ЈП Водовод и канализација известува дека денес без вода ќе останат делови од три општини.

- Денеска ЈП Водовод ќе започне со чистење и хлорирање на десната комора од резервоар Припор 2. Активностите ќе отпочнат во периодот од 08:00, а можно е да има мал прекин на водоснабдувањето во општина Сопиште.

- Денеска поради уличен дефект на водоводен цевка Ф 5/4“на улица Јани Лукровски 9-2., прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. (општина Гази Баба).

- Поради изведување на водоводен приклучок ф100мм на улица МаџирМаало бр.15 ( населба Маџир Маало – Центар ), денеска прекинато водоснабдување од 10:00 часот ќе имаат дел од корисниците на ул.Охридска ( потегот од ул.Петричка до ул.Ѓуро Ѓоновиќ ) до завршување со работните активности. (општина Центар).