Од ЈП Водовод и Канализација известуват дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф-100мм на ул. Гаврил Лесновски 4 во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Гаврил Лесновски, Софиска, Бриселска, Копенхагенска, Његошева, Петар Драганов и Стокхолмска водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09.00 часот до санирање на дефектот. (општина Карпош)
Исто така од Водовод известија дека поради изведување на водоводен приклучок Ф-100мм на ул.Хелсинки 54 во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Хелсинки, Нобелова, Варшавска и Лондонска, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.(општина Карпош).