Без вода делови од општина Центар

Заради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник 300 мм на ул. „Димитрие Чупоски бб“ (пред Просветно Дело), без вода ќе бидат делови од општина Центар.

Како што соопшти РЦУК прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, а без вода ќе бидат корисниците од ул. „Димитрие Чупоски бб“ на потегот од гимназијата Јосип Броз Тито до ул. „Никола Вапцаров“, во општина Центар.