Без вода делови од една скопска општина

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје информираа дека денес поради дефект на шибер Ф-200мм на ул.Македонско Косовска Бригада бб карши Макпетрол во населба Топанско Поле, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Балкански Универзитет, Тенеќе Мало, и дел од ул.Никола Малешевски и Аугуст Цезарец.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до санирање на дефектот.