
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Центар.
Оттаму информираат дека поради водоводен приклучок од ф150 милиметри на улицата Дана Стуцки бр.18, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Хусеин Бајрам и улици од брoj 163 до 172. на Крњево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЕВН Македонија АД исто така известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на Аеродром и Чучер Сандево.
- Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од главната улица Тодор Чангов 28 и дел од
улица Данка Фирфова во населба Лисиче;
- Во периодот од 09:30 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од село Глуво- Бразда;
- Во периодот од 10:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на викенд населба Побожје
(во близина на црквата Пресвета Богородица).