Без вода делови на општина Карпош

Од ЈП Водовод и канализација е добиено известување дека поради поврзување на нова водоводна мрежа ф-200/ф-150мм на крстосницата 8 Септември/Варшавска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од комплексот „Настел“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во време од 8 часот до завршување на работата (општина Карпош).