Без вода делови на општина Гази Баба

Од ЈП „Водовод и канализација“ известувaат дека поради исклучување стара водоводна мрежа на булеварот Киро Глигоров (до Универзитетот ФОН) и поради промена на затворач со пречник 200 мм на истиот булевар (до „Бриколаж“), со почеток од 9 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе останат корисниците од булеварот Киро Глигоров, фирмите „Офис плус“, „Мерцедес“, „Бриколаж“ и „Нептун, дел од населбата Ќерамидница и дел од улицата Перо Наков (општина Гази Баба).