Без вода делови на Центар

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради уличен дефект од ф 80 мм на булеварот Кочо Рацин бр. 78 (кај Зелен пазар), без водоснабдување од 9 часот до санирање на дефектот ќе останат корисниците на дел од булеварот, на потегот од улицата 11 Октомври до улицата Св. Кирил и Методиј (општина Центар).

Поради реконструкција на водоводен приклучок на улицата Партениј Зографски бр. 14 на цевка со пречник ф-100 мм, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во време од 9 часот до завршување на работата (општина Центар).