Без вода делови на Центар

Од ЈП „Водовод и канализација" информираат дека поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник 2 цола на улицата Орце Николов (пред Охридска банка), без водоснабдување, во периодот од 9 часот до завршување на интервенцијата, ќе останат корисниците од дел од оваа улица и улиците Никола Кљусев и Скопска (општина Центар).