Без вода дел од жителите од населбата Тафталиџе

JП Водовод и канализација информира дека поради дефект денеска без вода ќе бидат дел од жителите на населбата Тафталиџе.

„Ве известуваме дека денеска поради дефект на приклучна цевка од Ф-1 на улицата Хелсинки бр.59 во населбата Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците:Хелсинки и Нобелова од 10 часот“, се вели во известувањето од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот ќе трае до завршување на работите.