Без вода дел од Визбегово

Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците од скопската населба Визбегово.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефект на огрлица ф-100 милиметри на улица 2 во Визбегово.

Корисниците ќе бидат без вода од 14:45 часот, па се до завршување на активностите за остранување на дефектот.