Без вода дел од улиците „Христо Татарчев“ и „Пушкинова“

Поради изведување водоводен приклучок на ул. Христо Татарчев бб изутринава од 9.00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, од бр.1-до бр.64, како и дел од „Пушкинова“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со активностите, најави ЈП „Водовод и канализација“.