Без вода дел од улицата „Митрополит Теодсије Гологанов“

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 14:00 часот, без вода се дел од корисниците на улицата „Митрополит Теодсије Гологанов“ на потегот од улицата „Лондонска“ до булеварот „8-ми Септември“.

Водоснабдувањето е прекинато поради дефект на два затварача Ф300 милиметри и еден затварач Ф 125 милиметри на улицата „Митрополит Теодсије Гологанов“ на крстосницара со улица „Лондонска“ во Карпош.

Корисниците ќе бидат без вода од 14:00 часот, па до отстранување на дефектот.