Без вода дел од Старата скопска чаршија

ЈП Водовод и канализација информира дека поради дефект денеска без вода ќе биде дел од старата Скопска чаршија.

„Ве известуваме дека денеска поради уличен дефект ф-300мм на улицата Казанџиска бб (кај Дестан – Стара Чаршија), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Казанџиска“, се вели во известувањето од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот ќе трае од 10.30 часот до завршување на работите.