
ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Шуто Оризари.
Оттаму информираат дека поради уличен дефект ф-2“ на улицата Индира Ганди 10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Индира Ганди - крак 31 и крак 37.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до завршување со санација на дефектот.