
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф-80 мм на ул. Никола Тримпаре бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Никола Тримпаре, Дебарца и Борка Талевски.
Прекинот во водоснабдувањето ќе почне од 09:00 часот и ќе трае се до завршувањето на работните активности.