Без вода дел од населбата Водно

Од 10 часот денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улица „Бел камен“ во населба Водно и делови од улиците „Козара“ и „Васил Ѓоргов“, најави јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Прекинот ќе биде поради изведување водоводен приклучок на улица „Бел камен“, број 3 и ќе трае до завршување на зафатот.