Без вода дел од населбата Пржино

Поради изведување водоводен приклучок без вода ќе останат дел од корисниците во населба Пржино, информира ЈП Водовод и канализација-Скопје.


„Ве известуваме дека на ден 27.12.2018.поради изведување на водоводен приклучок од Ф-150мм на ул.Банско 3 во населба Пржино, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Банско и дел од ул.Рилски Конгрес од 11.25 часот до санирање на дефектот“, се вели во соопштението на ЈП Водовод и канализација-Скопје.