Без вода дел од корисниците на една скопска улица

ЈП Водовод и канализација известува дека денеска (08.09.2025 г.) поради уличен водоводен дефект од Ф 100мм на ул.Есенинова раскрсница со бул.Борис Трајковски, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од ул.Есенинова.

Водоснабдувањето е прекинато од 13:40 часот и ќе трае до завршување на санацијата.