Без вода дел од корисниците на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје информираше дека денеска поради уличен дефект на водоводна цевка ф 100 мм на Булеварот Видое Смилевски Бато бр. 77, ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците на Бул. Видое Смилевски Бато од бр. 3 до бр. 91.

Прекинот на водоснабдувањето ќе трае од 10:00 часот до санирање на дефектот.