ЈП Водовод и канализација известува дека од 10:00 часот, без вода е улицата „Киро Фетак“ во Драчево, а населбата Долно Лисиче ќе има намален притисок во водоснабдувањето. Во истиот перидод, без водоснабдување се и улиците „Блажо Орландиќ“, „Илија Димовски- Гоче“ и „Димитар Македонски“ во општина Аеродром.
Вододнабдувањето на улицата „Киро Фетак“ е прекинато поради уличен дефект ф-2“ на таа улица, број 1/16. Поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата „Блажо Орландиќ“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, „Илија Димовски- Гоче“ и „Димитар Македонски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.