Без вода дел од Драчево

ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје информира дека денеска, од 9.30 часот, без вода ќе бидат улиците „Илија Ристевски“, „Партизански Пат“ и место наречено Три Круши во Драчево.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради исклучување на стара мрежа ф80 мм на улица „Партизански Пат“ бб.

Корисниците во овој дел ќе бидат без вода од 9.30 часот до завршување на интервенцијата.