
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општина Кисела Вода.
Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата Христо Татарчев.
Од ЈП Водовод и Канализација, исто така, известуваат дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Центар.
Оттаму информираат дека поради дефект на затворач ф-80 милиметри на Димитрие Чуповски 24, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.