Без вода дел од Центар

Без вода денеска од 9:30 часот ќе останат корисниците од улиците „Мајаковски“, „Дане Крапчев“ и „Црвена Вода“ во општина Центар, информираат од ЈП„ Водовод и Канализација“.

Прекинот е поради давање водоводен приклучок од Ф-80мм на улицата „Мајаковски“ бр.31, а без вода корисниците ќе останат до завршување на приклучокот.