Без вода цела населба Лисиче

Од ЈП „Водовод и канализација-Скопје“, информираат дека поради изведување на технички работи прекинато водоснабдување ќе имаат жителите на цела населба Лисиче.

Како резултат на изведување на технички зафат на ден 26.08.2019(понеделник) од 7:30 часот до завршување на интервенцијата, водоснабдувањето ќе биде прекинато во целата населба Лисиче. Имено би сакале да ве информираме дека во тој период ќе бидат инсталирани „затварачи” кои во иднина ќе обезбедат парцијален прекин на водоснабдувањето, односно само во деловите каде евентуално би се појавил дефект. Со ова ќе се надмине досегашниот проблем за прекин на водоснабдувањето во целиот реон“, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација-Скопје.