Без струја во недела дел од Карпош, а во понеделник Сарај и Зелениково

Без струја во недела (21 мај) од 11:30 до 13:30 часот ќе останат дел од корисниците од ул.„Скупи“ лоцирани помеѓу објектите на „Систина“ и мебел „Ацевски“ во општина Карпош, информира РЦУК Скопје.

Во понеделник (22 мај) без електрична енергија во периодот од 9:00 до 11:00 часот ќе останат корисниците од ул. „Сарај“ во општина Сарај, од 10:00 до 12:00 часот дел од корисниците од село Зелениково,  а од 12:00 до 14:00 часот корисниците од ул. 3 во село Пакошево,  општина Зелениково.