Без струја утре делови од три скопски општини

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека утре без струја времено ќе бидат дел од корисниците во општините Зелениково, Кисела Вода и Сарај.

Од 08 до 14 часот струја ќе немаат дел од корисниците од селото Орешани, како и корисниците од викенд населбата Орешани во општина Зелениково, а од 09 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Саса“ – крак 2 и крак 4 во општина Кисела Вода.

Без струја ќе бидат и корисниците од селото Љубин лоцирани на потегот од УКА Комерц до гробиштата, како и корисниците лоцирани околу џамијата во непосредна близина во општина Сарај во период од 09 до 15:30 часот.