Без струја утре делови од Кисела Вода, Сопиште и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 07.04.2021 година (СРЕДА), поради веке закажани технички зафати, без електрична енергија ќе останат:

  • од 09,00 – 10,00 часот сите стопански и нестопански субјекти на бул. Борис Трајковски кои што се напојуваат од следниве трафостаници – Градинар Лозар, Типо, Електроконтакт, Дизајн Пинтија и Ник Велк (о. Кисела Вода);

  • од 09.00 – 13.30 часот корисниците од с. Долно Соње кои гравитираат кон с. Говрлево (о. Сопиште) и 

  • во време од 10,00 – 11,00 часот корисниците од зграда бр. 31 на ул. 23-ти Октомври (о. Аеродром).