Без струја утре делови од Ѓорче Петров и од три скопски села

Дел од корисниците од улиците „Христо Батанџиев“, „Јосиф Ковачев“ и „Мајски манифест“ во општина Ѓорче Петров утре од 8 до 15 часот ќе немаат струја, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија АД.

Од 9 до 14 часот без електрична енергија утре ќе бидат и дел од корисниците од село Мирковци во општина Чучер Сандево.

Од 9 до 15 часот струја ќе немаат и корисниците од „ул.1“ во село Булачани во општина Гази Баба, како и дел од корисниците од село Батинци на потегот од хотел „Беровиќ“ до влезот во село Љубош во општина Студеничани.