Без струја утре делови од Ѓорче и Карпош

Без напојување со електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците на општина Ѓорче Петров и Карпош.

Според известувањето од ЕВН Македонија АД во периодот од 08.30 до 14.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од село Орман во општина Ѓорче Петров,  додека од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од булевар Партизански Одреди бр.10 и ул. Софиска, како и дел од корисниците од ул. Демир Трајко во општина Карпош.