Без струја утре делови од Аеродром, Кисела Вода и Илинден

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Илинден.

ОД РЦУК – Скопје информираат дека од 8:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Водоча“ и ул. „Мите Богоевски“ бр. 2 во општина Аеродром, од 8:30 до 13:30 часот дел од улиците „Јустинијан Први“ и „Речиште“ после училиштето во село Драчево, како и дел од ул. „Студеничанска“ во општина Кисела Вода.

Без струја утре од 8:30 до 15:30 часот ќе бидат и корисниците од село Кадино, фирмите Амајлија, Метал Амајлија, Гранд Кадино, Интергрос и дел од село Марино во Општина Илинден.

cheap nike free run 5.0