Без струја утре дел од неколку скопски општини

Дел од општините Карпош, Студеничани, Гази Баба, Илинден, Сарај и Кисела Вода утре во одреден период од денот нема да имаат струја поради технички зафати во дистрибутивната електро – мрежа.

Без електрична енергија ќе останат: од 09:00 до 14:30 часот корисниците од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 90, 92, 94 и 96, како и дел од улиците „Осло“ „Војвода Васил Чакаларов“ во Карпош, од 09:00 до 12:00 часот корисниците од дел од село Рашче, Индустриската зона Илинден, селата Стајковци и Марино, населбата Белви и околината, селото Кадино, населбата Илинден, селата Јурумлери и Брњарци, Индустриската зона Марино, како и селата Арачиново и Белимбегово во општините Илинден и Гази Баба, од 09:00 до 15:00 часот дел од селото Морани во Општина Студеничани, додека од 09:30 до 11:30 часот струја нема да имаат корисниците од  улицата „Христо Татарчев“ подуличка 11 во Кисела Вода.