Без струја утре дел од корисниците од Сарај, Студеничани, Ѓорче Петров и Центар

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без струја ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Студеничани, Ѓорче Петров и Центар, информираат од РЦУК Скопје.

Во периодот од 10:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од сред село Радуша во Општина Сарај, од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците 1, 4 и 6 во село Батинци, Општина Студеничани, од 9:00 до 14:00 часот корисниците од броевите 11, 13, 15, 17, 19 и 21 на ул. „Исаија Мажовски” во Општина Ѓорче Петров, а во периодот од 8:30 до 15:30 часот корисниците од улиците „Стив Наумов”, „Тетовска” и „Јосиф Јосифовски Свештарот” во Општина Центар.