Без струја утре дел од Карпош, Центар и Влае

Дел од општините Карпош и Центар, како и дел од населбата Влае утре во одреден период од денот нема да имаат струја поради технички зафат на ЕВН.

Како што информира РЦУК, од 08:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од објектите на улицата „Фјодор Достоевски“ во Карпош и дел од населбата Влае, од 09:00 до 12:00 корисниците од булевар „Партизански одреди“ во Центар, а од 09:00 до 15:00 часот корисниците на дел од улиците „Петар Драганов“, „Копенхагенска“, „Бриселска“, „Његошева“ и „Софиска“ во Карпош.